Акциите на Вирџин Галактик скокнаа за 20% во трговијата, откако беше објавено дека Федералната управа за авијација на САД (ФАА) дала зелено светло на оваа компанија, сопственост на милијардерот Ричард Бренсон, за патување во вселената.
Акциите на Вирџин Галактик се искачија над 40 долари оваа недела, по „турбо стартот“ на почетокот на годината, надминувајќи го нивото од 60 долариво февруари, а потоа падна минатиот месец на минимум 15 долари пред да се опорави, соопшти Си-Ен-Би-Си.
Компанијата претходно објави дека доби одобрение од ФАА за лет со луѓе во вселената, по успешниот тест лет извршен минатиот месец.
„Комерцијалната лиценца што ја имаме од 2016 година останува во сила, и сега ни е одобрен комерцијален превоз на патници во вселената кога ќе бидеме подготвени за тоа“, изјави извршниот директор на Вирџин Галакси, Мајкл Колагиер за Си-Ен-Би-Си.
Тој додаде дека „ова е несомнено возбудлива пресвртница и голем комплимент за тимот“ на компанијата.
До денес, пет вработени во Вирџин Галактик, меѓу кои четворица пилоти, добија титула астронаут од ФАА.
Во САД, надморската височина од 80 километри официјално се смета за граница од која започнува вселената.