Ајкула усмрти тинејџер во Австралија

Сподели со своите пријатели

Тинејџер бил нападнат и убиен од ајкула на брегот на Јужна Австралија, соопшти денеска полицијата.

Loading...

Тело е извлечено од водата по нападот во близина на плажата Етел во националниот парк Инс на полуостровот Јорк, соопшти државната полиција на Јужна Австралија.

Според локалниот жител Марти Гуди, кој со децении сурфа во областа, можно е тинејџерот да бил оддалечен околу 30 до 40 метри од брегот.

Тој рече дека тоа е најотворениот дел од океанот и областа каде што нивото на водата се зголемува.

Нападот доаѓа откако 46-годишен маж беше убиен од ајкула на полуостровот Ејре во мај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Болниците во Франција на посебен распоред за работа поради големиот број заболени од грип