Ајфеловата кула „порасна“ шест метри откако новата дигитална радио антена беше прикачена на врвот на најпознатиот париски споменик.
Кулата, изградена од Густав Ајфел кон крајот на 19 век, сега има 330 метри откако дигиталната аудио антена била подигната со хеликоптер и поставена на врвот.
За време на изградбата, Ајфеловата кула го надмина споменикот на Вашингтон и стана највисоката вештачка зграда во светот, а таа титула ја држеше четири децении додека зградата Крајслер во Њујорк не беше подигната во 1929 година.
Кулата од ковано железо е меѓу најпосетуваните туристички места во светот, според веб-страницата Tripadweiser.
Сепак, овој споменик се користи како радио и телевизиски предавател повеќе од 100 години, при што висината на неговиот врв се менува неколку пати како што се заменуваат застарените антени.
Операцијата на поставување нова антена од хеликоптерот траела помалку од 10 минути, што го забележале и телевизиските камери.
LIVE: Paris iconic Eiffel Tower grows taller thanks to the installation, per helicopter, of a new 6 meters high antenna at the top of the Tower https://t.co/P7nuhvtuOi
— PresserWatch (@PresserWatch) March 15, 2022

