Ајде пејте сите инаку ќе ви ја исклучам: Деца во скопска градинка играат на „Жена од султана“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Родител кој сака да остане анонимен, до редакцијата на „Слободен печат“ испрати видео снимка на која се гледа како воспитувачка од градинка на 5-годишни деца им пушта турбо фолк песни, ги снима и им вика да играат и да пеат.

Loading...

Песната која се слуша во позадина е „Жена од султана“. Дечињата играат, а воспитувачката им вика „Ајде пејте сите инаку ќе ви ја исклучам“. Потоа таа ги прашува од каде ја знаат песната и дали вакви песни им пуштаат и дома?