Аикидо клубот „Агатсу“ од Куманово викендов ќе одбележи 20 години од своето работење со семинар во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.
Како што информираат од клубот, отварањето на програмата ќе биде во сабота, кога од 11 до 12 часот тренинг ќе одржи Сенсеи Његош Ѓаковиќ (7 Dan Aikikai Shihan). Час подоцна ќе има Embukai – приказ на аикидо вештина.
Денот ќе заврши со два тренинзи од 12:20 до 13:20 часот со Сенсеи Иван Скрчевски 4 Dan Aikikai и Сенсеи Ненад Скрчевски 3 Dan Aikikai.
Веќе во недела од 11 часот тренинг ќе одржи и Сенсеи Драгана Ѓаковиќ – 6 Dan Aikikai Shihan. Еден час подоцна повторно ќе има Embukai, односно приказ на аикидо вештина.Чест да ја затвори манифестацијата ќе има Сенсеи Велибор Весовиќ 7 Dan Aikikai Shihan.
Никола Ивановски