Агенција за атомска енергија: Во пожарот во нуклеарката не е оштетена основната опрема

Сподели со своите пријатели

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека украинскиот регулатор соопштил дека нема промени во пријавените нивоа на радијација и дека пожарот не ја зафатил основната опрема на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.

Американскиот секретар за енергетика Џенифер Гранхолм рече дека САД го активирале својот тим за одговор на нуклеарни инциденти и го следат развојот на настаните во договор со Министерството за одбрана, Нуклеарната регулаторна комисија на САД и Белата куќа.

 

Тешка ноќ во Украина: 4 часа гореше во најголемата нуклеарна централа (ВИДЕО)

 

Реакторите се затвораат, МААЕ работи 0-24

Реакторите на електраната безбедно се исклучуваат, рече Гранхолм, повикувајќи на прекин на воената акција во близина на централата.

„Руските воени операции во близина на фабриката се непромислени и мора да престанат“, нагласи таа.

МААЕ преку Твитер објави дека го ставила во целосна работа својот центар за инциденти и итни случаи од 0 до 24 часот.

Русите ја гранатираа најголемата нуклеарна централа во Европа

Да потсетиме, нешто по полноќ во наше време избувна пожар во кругот на нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, покрај која во текот на ноќта се водеа борби на руските и украинските сили.

Украинските власти објавија дека руските сили ја гранатирале нуклеарната централа и дека продолжиле да го прават тоа кога избувнал пожарот.