Африканско племе за прв пат доби интернет: Сега сите се навлекле на порнографија!

Сподели со своите пријатели

Народот Марубо, кој егзистирал стотици години без сериозен контакт со цивилизацијата покрај реката Итуи во Амазон, доби интернет од Илон Маск.

Loading...

И што се случи сега? Сè и сешто. Тоа веќе не е истото племе.

Младите од Маруб се зависници од видеа и порнографија до таа мера што постарите веќе не можат да ги препознаат!

Заедницата, велат тие, ја прифатила технологијата, воодушевувајќи се, меѓу другото, од можноста брзо да повикаат брза помош во случај на каснување од отровна змија, а воодушевени се и од фактот што можат да бидат во контакт со далечни роднини, пренесува Telegraph.co.uk.

Припадниците на племето, предупредуваат оние кои комуницираат со нив, станале „мрзеливи“, лежат во хамакови, цел ден се „залепени“ на WhatsApp, озборуваат и разговараат со непознати на Инстаграм.

Како што понатаму наведува Њујорк Тајмс, некои млади мажи се впуштиле во многу агресивно сексуално однесување откако биле изложени на порнографија за прв пат во нивниот живот.

Водачот на здружението Марубо во блиското село, исто така, предупредува дека членовите на племето престанале да разговараат со нивните семејства откако добиле пристап до интернет.

Еден од племенските старешини, пишува британски Телеграф, тврди дека сите биле многу среќни кога интернетот дошол во нивното племе, а сега работите од ден на ден се влошуваат.

Loading...

„Тие станаа мрзеливи, ги учат обичаите на белците“, пренесува Телеграф.

Друг тврди дека племето сега е принудено да ги ограничи часовите што неговите членови можат да пристапат на интернет бидејќи „дигитализацијата“ на племето толку многу ја променила рутината што неговите членови се мачат да ловат.

„Еве, ако не ловите, рибите и не садите – не ни јадете!“, ги пренесува британски Телеграф зборовите на еден племенски старешина.