Аерофлот ги откажа сите летови до европските дестинации

Сподели со своите пријатели

Руската авиокомпанија Аерофлот денеска објави дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до натамошно известување.

Аерофлот се огласи откако многу земји решија да го затворат воздушниот простор во знак на протест поради рускиот напад врз Украина.

Европската унија претходно одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони.