Аеродромот во Франкфурт денес откажа повеќе од сто летови поради снежни врнежи и мраз.
102 летови од вкупно 1.052 закажани за денес се откажани, објави Ројтерс.
Бројот на откажани летови може да се зголеми во текот на денот, соопшти аеродромот во Франкфурт, додавајќи дека засега е планирано нарушување на сообраќајот до 11 часот по локално време.

