Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп денеска наговестил дека ќе побара да се спречи објавувањето на новата книга за претседателот на САД во која тој е претставен како незнајко за кој ниту блиските соработници немаат добро мислење, пренесува Вашингтон пост.
Поради книгата на новинарот Мајкл Волф, „Оган и лутина: Во внатрешноста на Белата Куќа“ (Fire and Fury: Inside the Trump White House), која треба да излезе следната недела, Трамп веќе го критикуваше својот поранешен главен стратег Стиви Бенон кому исто така му е запретено поради цитат во книгата.
Адвокатот Чарлс Хардер до Волф и издавачот „Henry Holt and Co“ испратил известување во кое се наведува дека разгледуваат обвиненија за клевета и барање веднаш да се престане понатамошно објавување, издавање или дистрибуција на книгата, нејзини цитати или делови.
Деловите од книгата веќе се објавени. Трамп во нив е претставен како милијаред кој не сакал да биде претседател, туку со претседателската кампања да го зајакне својот бренд.
За претседателот на САД се наведува дека не знае многу, дека не може да ги сфати сложените проблеми, додека се цитираат зборовите на могулот Рупет Мардок која рекол дека Трамп е идиот.
Бенон во книгата остро ги критикува и децата на Трамп. За состанокот со руските државјани за време на кампањата, на која бил и синот на Трамп, Бенон рекол дека е издајнички и непатриотски.
Адвокатите веќе го бовиниле Бенон дека го прекршил договорот за доверливост, додека Трамп за него рекол дека го загубил разумот.
Одговорот на Белата куќа е значителен исчекор во однос на октомври кога Трамп за Бенон рече дека е негов пријател и дека ги разбира неговите ставови.
Трамп вчера поголем дел од денот се нервирал поради книгата, рекле неговите советници, додека портпаролката на Белата куќа рекла дека е лут.
Loading...