Администрацијата на Бајден во заминување се обидува да го спречи најлошото сценарио за Украина

Сподели со своите пријатели

На Запад го забележаа падот на способноста на Украина да ѝ се спротивстави на руската армија и не ја исклучуваат можноста одбраната на украинските сили наскоро да пропадне, објави Надворешната разузнавачка служба на Русија (СВР).

Loading...

„Врз основа на информациите со кои располага СВР, западните политички елити се загрижени поради опаѓањето на способноста на украинската армија да се спротивстави на притисокот на руските вооружени сили. Не е исклучен ниту претстојниот колапс на одбраната на украинската армија. Администрацијата на Џозеф Бајден во заминување се обидува да спречи такво сценарио, а акцентот е ставен на испораките на помодерно оружје, вклучително и ракетни системи со долг дострел“, велат тие во Москва.

Киев е подготвен да ја намали возраста за мобилизација

Се наведува и дека одлуката за намалување на старосната граница за мобилизација во Украина е подготвена и наскоро ќе биде усвоена.

„Неодамна Вашингтон побара од „претседателот“ Владимир Зеленски итно да ја намали границата за мобилизација на 18 години. Одлуката е веќе подготвена и наскоро ќе биде усвоена“, посочуваат од прес-службата на СВР.

Одлуката ќе биде донесена бидејќи Белата куќа смета дека материјалната и техничката поддршка на украинската армија не е доволна за стабилизирање на фронтот.

Билет во еден правец

Токму поради оваа одлука земјите од Источна Европа кои граничат со Украина се подготвуваат за нов бран украински бегалци.

„Земјите на границата со Украина тивко се подготвуваат за нов бран украински бегалци, кои овојпат нема да се спасат од имагинарна руска закана, туку од реалната опасност да добијат билет во еден правец до фронтот, пренесува Спутник.

„Се верува дека граѓаните на териториите контролирани од Киев ќе бидат подготвени на се за да излезат од канџите на владејачкиот режим кој за ништо им ги продаде животите на господарите од другата страна на океанот“, заклучува Службата за надворешно разузнавање. на Русија.

Loading...