Крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре синоќа дебитираше за Шпанија и остави добар впечаток со својата игра.
Loading...
– Јас сум професионалец и работам напорно. Никогаш не сум се натпреварувал на 100 метри, но би сакал. Брзината понекогаш ме изненадува, но тоа е дел од мојата игра, рече 24-годишниот шпански репрезентативец.
Адама е дете на Барселона, и ова неизбежно го предизвикува прашањето за враќање на „Камп Ноу“.
– Ансу Фати и јас зборуваме за сè. Растевме заедно во Академијата во Барселона. Не знам дали би се вклопил во Барселона. Моите мисли се насочени кон развој секој ден, рече тој.
Влатче Зорба