Компанијата „Acer“ на овогодинешниот CES саем пристигнува со три нови лаптопи, кои претставуваат ажурирани верзии на претходните модели. Помеѓу лаптоповите се издвојува и надоградениот „Swift 7 Ultrabook“.
Лаптопот сега е уште потенок од претходната верзија и има дебелина од само 8,98 милиметри. Компанијата тврди дека ова е најтенок лаптоп во светот.
„Swift 7 Ultrabook“ го карактеризираат прилично добри спецификации, кои вклучуваат Core i7 procesor од седма генерација, 8GB RAM, 256GB PCIe SSD, додека екранот е надограден од 13,3-инчен на 14 инчи и задржува 1080p резолуција. Една важна промена која ја носи овој модел е имплементацијата на 4G LTE, што се уште е прилична ректост помеѓу лаптоповите.