Абасадорката на Босна и Херцеговина во службена посета на Општина Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорката на Федерацијата Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ денеска беше во работна посета на Општина Куманово и првиот човек на локалната самоуправа, Зоран Дамјановски.

На заедничката средба се разговарало за повеќе проекти и соработка на нивото на локалните самоуправи помеѓу двете држави, но и за меѓусебната помош на Општина Куманово со збратимените градови Бјелина и Бања Лука.

Наша пријателска држава. Држава која во изминатите десетина години има многу добра билатерална соработка на локално ниво и локална самоуправа, знаете добро во многу анврати овдека биле наши братски градови, имало состаноци на ниво на образование и култура и се она што ја чини нашата соработка. Имавме плодна дискусија на политички план, на локална самоуправа, локален и економски развој, културната соработка и оан што го чини соработката Македонија – Босна пред се на релација локалните лидери и локалните самоуправи – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Loading...

 

Како што истакна Дамјановски од амбасадорката добил покана да присуствува на изложбата која ја организира Амбасадата на БиХ во Скопје.

По година дена мој престој во Македонија дојдов и во Општина Куманово. Општина која анвистина има плодна соработка со општини во Босна и Херцеговина, а тоа се покажа за жал во непогодите кои ја задесија Босна и Херцеговина, а овој пат и Македонија, но она со што можеме да се пофалиме е културната соработка, а она за што денеска зборувавме со градоначалникот е дека стопанската соработка би можела да се подигне на едно повисоко ниво – изјави Лепа Бабиќ, амбасадор на Федерација Босна и Херцеговина во Македонија.

 

Претставници од Општина Куманово ќе бидат дел од манифестацијата „Дружење со пријателите“ кое ќе биде во организација на босанската амбасада каде ќе бидат презентирани културните вредности на оваа држава со цел истите да се доближат до македонските граѓани.