Абас: Палестинците ќе бараат компензација од Израел за насилството

Сподели со своите пријатели

Палестинските власти ќе бараат од Израел компензација за штетата и насилството врз Палестинците, изјави палестинскиот лидер Махмуд Абас.

Loading...

Тој на самитот на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија, што се одржува во Астана, рече дека Палестинците веруваат дека ослободувањето од „окупацијата“ е можно преку дипломатски процедури и почитување на меѓународното право.

– Ќе бараме извинување и компензација за масакрите и уништувањата што се вршат врз Палестинците од 1948 година – рече Абас.

Абас истакна дека Израел извршил, како што рече, „50 епизоди на масакр“, уништувајќи 529 села и раселени повеќе од половина од сите Палестинци.

Тој додаде дека САД и Велика Британија се исто така одговорни за „предавањето на палестинските територии во рацете на оние кои не го заслужуваат тоа“ и дека и Вашингтон и Лондон треба да платат компензација на палестинскиот народ.

Израел почна редовни антитерористички операции на окупираниот Западен Брег во средината на април, како одговор на палестинските терористички напади во кои загинаа повеќе од 20 Израелци во текот на неколку недели.