А кој ќе ѝ помогне на Сирија, земја изолирана поради санкциите?

Сподели со своите пријатели

За сирискиот народ нема крај на страдањата. Она што остана од дванаесетгодишната граѓанска војна сега е разурнато на северо-западниот дел на земјата со разорен земјотрес, невиден студ, отсуство на болници, сиромаштија и недостаток на основни средства и прехранбени производи.

Loading...

И во оваа ситуација водечките западни земји не можат да се ослободат од санкциите против режимот во Дамаск и засега испраќаат помош преку невладини организации за да избегнат директни контакти со осудениот претседател Башар ал Асад.

За многумина во таа земја која страда, се чини дека дојде судниот час.

Во Идлиб, Алепо, Јилдиреш, Латакија и други места на северот на Сирија, владата и опозицијата, како и земјите кои ги поддржуваат, не можат да ги закопаат „воените секири“ и да ги здружат силите за да им помогнат на несреќните.

Направени се и посебни списоци на загинатите, со меѓусебни обвинувања за спречување на пристигнувањето на хуманитарна помош, бидејќи некои гранични премини се контролирани од џихадисти (Тахир ал-Шам), кои наводно се поддржани од режимот во Дамаск.

Според последните податоци, на местата под контрола на режимот загинале 1.300 граѓани, а во оние под контрола на опозицијата над 1.200 граѓани, јавува турската агенција Анадолија.

Се стравува дека билансот ќе биде многу потрагичен.

Како што пренесуваат локалните медиуми, многу граѓани сѐ уште се под урнатините и се помалку е веројатно дека некогаш ќе ја видат светлината на денот.

Loading...

Логично е да се претпостави дека ќе завршат поради немање механизација за отстранување на шутот, како и без медицинска помош и поради ниски температури и глад.

Слушаме гласови под урнатините, но нема начин да стигнеме до нив, велат локалните спасувачи.

„Сѐ уште никој не контактирал за да испрати помош“, тврдат од хуманитарната организација „Бели шлемови“.

„Луѓето се трауматизирани бидејќи се чувствуваат беспомошни. Ве молиме помогнете, бидејќи наскоро ќе биде доцна“, апелираат од Меѓународниот комитет на Црвената полумесечина, пренесуваат агенциите.

Слични пораки доаѓаат и од Норвешкиот совет за бегалци.

„Во зимската бура и невидената криза во снабдувањето со основни прехранбени производи, Сиријците не можат сами да се справат со последиците од земјотресот“. Помогнете“, соопшти хуманитарната организација која е активна на Блискиот Исток.

Во уништениот град Џинлдирес, членовите на цивилната група „Бели шлемови“ се обидуваат со голи раце да ги исчистат премините за да стигнат до закопаните деца кои плачат за вода под урнатините.

„Аман, луѓе, ни требаат багери за да се отстрани оваа скршеница“, молат спасувачите.

Loading...

Во повеќегодишната граѓанска војна во Сирија сè беше уништено, зградите беа разнишани од темел во бомбардирањето, уништена е тешката механизација.

Болниците, оние кои останаа на темелите по воените разурнувања што почнаа со доаѓањето на „арапската пролет“, се полни со повредени граѓани. На многу луѓе им се помага во ходниците.

Министерот за надворешни работи на Сирија, Фајсал Мекдад, апелира до европските земји да пружат помош.

„Санкциите не треба да бидат изговор, бидејќи хуманитарната помош не подлежи на тие забрани. Тоа е само изговор“, вели тој и потврдува дека само некои земји одговориле на овој апел, но „ни треба многу повеќе“.

Претседателот Асад ги повика Обединетите нации да ѝ помогнат на Сирија.

Додека земјите ширум светот се тркаат да ѝ помогнат на Турција, што сите го поздравуваат, тоа не е случај кога станува збор за Сирија.

Америка и некои сојузнички земји во Европа сè уште избегнуваат директни контакти со Асад и испраќаат помош преку невладини организации.

Ова ќе влијае на многу граѓани, бидејќи режимот во Дамаск контролира околу 80 отсто од територијата на Сирија.

Loading...

Сирија е во хаос од март 2011 година, кога на Блискиот исток пристигна „арапската пролет“ и се претвори во вооружени конфликти меѓу владата и опозициските групи поддржани од Турција и западните земји.

Билансот е ужасен: земјата беше уништена од темел, загинаа околу 400.000 луѓе (меѓу нив 120.000 цивили), а повеќе од пет милиони жители ја напуштија земјата, главно во Турција, Либан и Јордан.

Претседателот Асад успеа да остане на живот благодарение на поддршката на Русија и Иран, но Западот сепак верува дека тој не треба да биде дел од трајно политичко решение на проблемот во Сирија.