Шест лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна незгода кога вчера се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка околу 17:30 часот.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сообраќајна незгода била помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(51) од село Пузаљка, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Г. (21) од Куманово.

Во незгодата, според информации на полицијата, со тешки телесни повреди повреди се здобила Ј.И.Н.(20) од селото Пузаљка, сопатничка во првото возило и била пренесена во болницата во Куманово.

Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply