Патник во авион тргнал во тоалет низ излезот за итни случаи

Сподели со своите пријатели

Патник на летот од Велика Британија кон Пакистан предизвикал хаос во распоредот на летање на аеродромот во Манчестер каде, во желба да оди во тоалет, ги отворил вратите за случај на опасност додека леталото се уште било на земја.

Loading...

Летот на „Пакистан интернешенел ерлајнс“ од Манчестер до Истанбул бил одложен седум часа, се наведува во соопштението на пакистанската авио-компанија, пишува CNN travel.

Претставник на компанијата навел дека патникот ги отворил вратите предвидени за излез во случај на опасност, мислејќи дека се врата од тоалет, но дека никој не е повреден.

Претставници од аеродромот одбиле да ја коментираат ситуацијата.

Leave a Reply