Кумановец тешко повреден откако со мотор излета од пат

Сподели со своите пријатели

На локалниот пат с.Клечовце-село Стрезовце, на место викано „Калиште“, општина Старо Нагоричане, вчера околу 17:30 часот, мопед „Јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.К.(30) од Куманово, излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди, информираат од полицијата.

Loading...

По укажаната лекарска помош во болницата во Куманово бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply