Бебињата родени во јуни имаат многу потецијали.
Понекогаш со нив имате полни раце работа, но истражувањата покажуваат дека тие се многу заинтересирани и оптимистични. Освен тоа многу се друштвени, шармантни и креативни.
Еве зошто децата родени во јуни се посебни.
Имаат потенцијал да добијат Нобелова награда
Статистички гледано, најмногу добитници на Нобеловата награда роденден слават токму во јуни.
12 факти за најмоќната жена во Зодијакот
Би можеле да ве држат будни цела ноќ
Истражување објавено во списанието „Sleep“ покажува дека родените во пролет и лето одат на спиење подоцна за разлика од оние родени во зима. Голема е веројатноста дека децата родени во јуни всушност се мали бувчиња.
Позитивни се
Родените меѓу пролетта и летото често сакаат да се дружат. Овие деца се познати како социјални пеперутни, харизматични личности кои го привлекуваат сето внимание без многу труд.
Подложни се на брзи промени на расположението
Поголемиот дел од родените во јуни се Близнаци, што значи дека често ги гледаат двете страни на приказната. Поради тоа простуваат и имаат голема душа. Меѓутоа, често можат да бидат неодлучни. Иако се подложни кон позитивни расположенија, можат да го „исклучат“ тоа расположение и тоа се случува многу брзо. За среќа, позитивнат енергија се враќа исто така брзо.
Првите деца во семејството се попаметни
Веројатно не сакаат многу возбудувања во животот
Студиите за тоа како годишното време влијае на нивото на допаминот, покажува дека најмалите нивоа се забележани кај родените во мај и јуни, што значи дека вашето дете помалку ќе се изложува на ризици во животот.
Веројатно ќе бидат високи
Истражувачите од Универзитетот Кембриџ заклучиле дека бебињата родени во летните месеци растат повеќе од оние родени во постудениот период од годината.