Муслиманите ширум светот денеска го одбележуваат првиот ден од Рамазам Бајрам, еден од двата најважни празици, со кои се завршува едномесечниот рамазански пост.
Рамазан Бајрам го одбележува крајот на муслиманскиот свет месец Рамазан, а прославата започнува со молитва, која се обавува веднаш по изгрејсонце.
Барјам се слави три дена како официјален празник во сите земји каде муслиманите се мнозинско население.
Молитвите се одржуваат во џамии или големи хали, а во многу земји и на отворено.
Првиот ден од празникот се одбележува со роднините, соседите и пријателите, а за послужување се користат однапред подготвени слатки и урми.
Во некои земји по молитвите се посетуваат гробиштата.
За празникот, инаку се подготвуваат традиционални муслимански јадења, за посета се облекува традиционална или нова облека, а децата се даруваат со слатки и пари.
Image by mohamed Hassan from Pixabay