Црква од 16 век, потопена во 1962 година, повторно исплива на површината поради суша.
Во текот на скоро шест децении под вода, доминиканската црква се појавила само четири пати кога опаѓало нивото на водата, а последен пат тоа се случило во 2017 година кога можела да се види целосно.
Католичката црква, изградена во 16 век за да се шири христијанството во регијата, потопена е заедно со целиот град Халепо ел виехо за да се изгради браната Бенито Хуарез во 1962 година. Браната се снабдева со вода од две реки.
Мештаните биле принудени да се преселат, а цели села биле потопени. Се смета дека и драгоцености на земјопоседниците исто така завршиле под песок.
– Кога водата ќе се повлече можете да видите сешто, рекол локален рибар.
Дупка голема како два фудбалски терени преку ноќ се појави на Нов Зеланд (ФОТО)
Иако под вода скоро 60 години, фасадата на црквата е во прилично добра состојба иако дел од ѕидовите се срушиле во земјотресот во 2017 година.
– Пред пет години, целата структура беше сочувана, но земјотресот и нанесе голема штета, па црквата сега е полна со пукнатини, рекол локалниот мештанин Антонио Хернандез.
Се појави град исчезнат пред 57 години (видео)
Кога ќе завршат сушата и восиките температури, водата повторно ќе ја прекрие црквата.
Во една можност, нивото на водата на браната била 40 отсто од вообичаеното ниво поради што станала главна грижа на локалното население и нивните посеви. Водата од браната ја користат 247 општини.
фото: YOUTUBE/PRINTSCREEN