Која боја да ја изберете за работен, а која за љубовен состанок?

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се запрашале што вашата модна комбинација зборува за вас? Стилот на облекување може да зборува за тоа како ја следите модата, а најголем впечаток на луѓето околу нас всушност остава бојата.

Loading...

Студијата е спроведена во британија и открила дека боите кои бираме да ги носиме во одреденис итуации имаат големо влијание на работите кои ни се случуваат. Која ќе ни помогне подобро да минеме во ноќно излегување, која е соодветна за вежбање во теретана, а која ќе ве направи посупешни на работа?

Од 1.500 Британци кои учествувале во студијата, 43 отсто рекле дека црната е „победник“ кога треба да одите на разговор за работа, а исто така најдобар избор и за големи презентации и важни бизнис состаноци.

Црната исто така е боја која мажите најчесто ја носат на првиот состанок, со 27 отсто од испитаницит екои рекле дека им помогнала да бидат успешни.

Ни доаѓа облека која сама ќе ја менува бојата?

За жени, црвената е најдобра кога треба да се чуствуваат посебно додека трагаат по љубовта.

Кога се работи за ноќните излегувања, 12 отсто од луѓето тврдат дека е најдобро да се носи сива облека ако сакате да си минете убаво, а дека сината е идеална за опрема во која вежбате затоа што благодарение на неа ќе се чувствувате помотивирани во теретаната.

Студијата исто така открила дека 76 отсто од испитаниците не се свесни за впечатоците кои одредена боја може да ги предизвика кај луѓето. И покрај тоа, 42 отсто од нив признал дека судат на другите врз основа на боите кои се носат. Најмалку четвртина сметаат дека оние кои носат бела облека се претенциозни, а дека сите мажи кои се облекуваат во орозово се полни со самодоверба.

Loading...

Психологот др. Беки Спелман, која учествувала во истражување вели дека голем број психолошки, културни и историски причини влијаат на тоа како реагираме на одредени бои.

– На пример, ширум светот, црвената се поврзува со силни чувства како што се гнев или страст. Ова е лесно да се разбере, затоа што црвената е боја на крвта, со очигледни асоцијации на гнев и насилство, и луѓето исто така поцрвенуваат кога се возбудели или лути. Со што ги поврзуваме другите бои може доста да зависи од културниот и историски контекст. Свеста за културните и психолошки фактори кога се работи за боите ни помага подобро да се запознаеме себе си и ни овозможува подобро да комуницираме. На пример, доклку некој се облече во многу светли бои, барем на некое ниво порачува дека сака да биде забележан, објаснува Спелман.

Leave a Reply