Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно 8 часот утринава, наврнале во Куманово и Пожаране, вкупно 39 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Следуваат Скопје со 38 и Тетово со 26 литри. Најмалку дожд имало во Демир Капија, само еден литар на метар квадратен воден талог.
Во текот на денот ќе имаме променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд претежно во западните делови. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Максималните температури, според синоптичарите на УХМР, ќе бидат во интервал од 16 до 25 степени.