Неколку локации во Куманово без вода

Сподели со своите пријатели

Четири локации во Куманово денеска ќе останат без вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за улиците „Бајрам Шабани“, „Народна Револуција“, „Фетка Наскова“ и улицата „70“ во населбата Карпош.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Leave a Reply