Кога вработените на аеродромот во Торон го прегледале багажот на маж кој допатувал од Русија, не мжеле да веруваат што пронашле во него.
Имено, Иполит Бодунов се обидел да прокриумчари скоро 5.000 живи пијавици во својот багаж.
Причини поради кои можете да изгледате сомнително на граница
Како што велат канадските служби за заштита на животната средина, во кеса за намирници биле пронајдено 4.788 живи, диви пијавици, очигледно наменети за медицински цели.
Овој чуден товар сокриен во багажот најпрвин го намирисало царинско куче, а потоа пијавиците биле испратени на тестови за да се утврди за каков вид станува збор.
Установено е дека сите единки се земени од дивината, а станува збор за вид кој е заштитен затоа што прекумерното собирање на овој паразит би можело да го загрози опстанокот на видот.
Од неговата торба се слушале чудни звуци, она што било внатре ги изненадило сите (ВИДЕО)
Инаку, паразитите кои пијав крв на луѓето и животните спаѓаат во првите видови на кои се однесуваат заштитните регулативи, вклучително и нивниот извоз, а тие мерки датираат уште од 1823 година.