10 највалкани предмети во вашиот дом кои имаат повеќе бактерии од ВЦ даската

Сподели со своите пријатели

Ако мислите дека ВЦ даската е највалканата работа во вашиот дом, се лажете. Тој предмет всушност воопшто не е на листата највалкани работи во домот.

Loading...

– Луѓето мислат дека ВЦ школките се валкани, а всушност треба повеќе да се грижат за предметите кои ги допираат како прекинувач за светло или далечински управувач, октрила научничката Карен Холејман.

Интересно е што кујната, која би требало да биде најчистата просторија во домот, всушност е највалканата.

Искористете го пивото за отстранување дамки

– Површините на кои се подготвува храна како што се даски за сечење на намирниците, можат да бидат најмногу контаминирани со бактерии, додава Холејман.

Површините кои ги добираме затоа треба редовно да се чистат, но проблемот е и она што го дишеме.

– Домашната прашина може да биде проблем, затоа што понекогаш содржи алергени. Најизтразена е во креветите, псотелнината, навлаките и теписите, вели таа.

НАПРАВЕТЕ САМИ: Универзално средство за чистење

Loading...

NSF International, организација за глабално здравје и безбедност, го потврдува сето тоа.

Научниците испитале 30 површини во 22 домови за да го откријат нивото на квасец, салмонела, Ешерихија коли и стафилококи и откриле дека на овие десет предмети нивната концентрација е најголема:

  1. Сунѓери за миење садови и кујнски крпи
  2. Судопери
  3. Држачи за четки за заби
  4. Садови за храна на домашни миленици
  5. Апарати за кафе
  6. Чешми
  7. Играчки на домашните миленици
  8. Кујнски пултови
  9. Прекинувачи на печница и шпорет
  10. Даски за сечење намирници

Leave a Reply