Во болница во Нотингем лекарите успеале да спасат бебе родено со само шест месеци без целосно развиен горен слој на кожата.
Џескира Киблер и Џек Шеток од англискиот град Леамингтон Спа имале смао 19 години кога им се родило бебето, но било во големи болки.
Ниевниот син Кејден Џејк се родил десет недели пред терминот во болница во Нотингем, а тежел 1.100 грама, пишува Дејли мејл. Дури и медицинските сестри излегувале од породлишитето со насолезени очи.
Бебе родено четири години по смртта на своите родители
– Кога сестрите не внесоа во собата за да не запознаат со Кејден по прв пат, изгледаше како парче црвено, невкусно месо. Стоевме таму, ние 19-годишни родители, без искуство со чување деца и нашето прво дете беше многу слабо и страшно болно. И Џејк и јас плачевме, а дури и сестрите излегуваа со солзи во очите, затоа што не знаеа што да ни кажат ниту како нему да му помогнат, раскажува Џесика.
Дури десет дена родителите не смееле да го видат својот новороден син, а Кејден дури по шест недели започнал да добива кожа.
Родено бебе од три родители: Борбата против неплодност ги навела на контроверзна метода
Денес има шест месеци и конечно повеќе не живее во болница, туку дома со своите родители. Пред месец дена имал последна операција, кога од стомакот му ресадиле дел од кожата на десната рака, а се претпоставува дека ќе треба околу четири операции во текот на следната година.
Во моментот на раѓањето Кејден имал развиена кожа само на лцието, а од тој момент се бори со сепса, нектротизирачки ентероколитис, херпес и бронхиолитис. И покрај сето тоа, малиот борец заздравел и денес тежи скоро пет килограми.
– Беше прекрасен и ситен. Џејк и јас без зборови се погледнавме, не знаејќи како ќе се грижиме за него. Дури и е можевме да го кренеме како треба, затоа што се страшно го болеше и беше на апарати. Лекарите барем два пати не предупредија дека веројатно нема да преживее, но одлучивме дека ќе направиме се што можеме да се извлече, рекла Џесика.
Таа во текот на бременоста имала компликации со бубрезите поради хидронефроза (проширување на каналниот состав на бубрезите до кој доаѓа при собирање на мокраќа). Исто така имала крварење три месеци пред да се роди Кејден и пред да добие предвремени трудови.
Сепак, точната причина за состојбата на Кејден не се знае и експертите допрва истражуваат.
Фото: Print Screen Youtube