Рај на аеродромот или аеродром од рајот? Проценете сами! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Аеродромот „Чанги“ во Сингапур неодамна доби трговски центар кој на патниците им го олеснува чекањето на летот. Големата градба во форма на крофна во централниот дел има воден вортекс висок скоро 40 метри, што го прави најголем внатрешен водопад во светот.

Loading...

Со седум титули за најдобар светски аеродром, сингапурскиот „Чанги“ можеби немал потреба од ништо повеќе.

Меѓутоа, во желба на патниците чекањето на следниот лет и патувањата да им се направат полесни, управата на аеродромот обезбедила неограничена забава – трговски центар.

Фото: Printscreen Youtube Business Insider

„Џул“, како што е наречен центарот кој се наоѓа меѓу Терминал 1 и контролната кула е во форма на огромна крофна.

За правење на таванот од стакло и челик биле потребни четири години, а само тоа чинело 1,25 милијарди долари.

Дел од сингапурскиот аердром е внатрешната дождова шума со површина од скоро 136.000 метри квадратни.

Loading...

Фото: Printscreen Youtube Business Insider

Градбата има 10 ката, од кои половина под земјата. Бројни продавници, најсовремено кино, хипермаркет и хотел, сето тоа во „крофната“.

Во центарот на се е дождовниот вортекс. Во прашање е најголемиот внатрешен водопад кој користи исклучиво дождовница која сама се собира.

За оние кои не сакаат шетање по затворена шума, тука има и воз, т.е. метро.

Делови од „Џул“ кои се уште не се завршени би требало да бидат отворени за патниците во јуни.

Фото: Printscreen Youtube Business Insider

Loading...

Со оглед дека повеќе од 65,5 милони патници минуваат годишно низ овој аеродром, ваквиот додаток изгледа дека е неопходен. И покрај тоа што чини повеќе од 1,3 милијарди долари.

Фото: Printscreen Youtube Business Insider

Leave a Reply