Бакингемската палата вработува лице кое ќе биде задолжено за дигитални комуниакции, односно лице кое би било задолжено за управување на социјалните мрежи на кралицата Елизабета Втора, пренесува Тајм.
– Независно од тоа што покривате, ќе мора да се грижите нашите дигитални канали доследно да го потикнуваат интересот на луѓето и да допрат до целиот спектар на публиката, пишува во описот на барањето.
Палатата бара кандидати со претходно искуство во управување со социјалните мрежи кои се иновативни и креативни и имаат добри вештини за пишување и фотографирање.
Вештини за продукција на видеозаписи исто така се наведени како „многу поволни“. Ова е ваша можност да ја употребите својата дигитална експертиза на најдобар можен начин.
Работата нуди и бројни погодности, 33 дена годишен одмор, бесплатен ручек, со седиште во Бакингемската палата. Лицето кое ќе ја работи оваа работа, ќе има работно време од 40 часа неделно.
Платата ќе изнесува околу 34.207 евра годишно или околу 2.851 евро месечно. Рокот за пријава е до 26 мај, а сите заинтересирани кандидати можат да се пријават преку сајтот на кралскат апалата или преку Линкдин (каде според пишувањето на светските медиуми веќе се пријавиле над 200 кандидати), наведува foxbusiness.com.
Со неодамна лансираниот инстаграм профил за Меган, војвотката од Сасекс и принцот Хари, популарност добива и принцот Вилијам, а војвотката од Кембриџ исто така ќе добие кралски профил.