„Најпијаната нација“ во светот е Велика Британија. Ова се резултатите на осмото по ред „Глобално истражување за дроги“, кое се смета за најголема анкета за употребата на супстанците во светот.
Британците во просек пијат 51,1 пати во период од една година, што е скоро на неделна база. Глобалниот проеск е 33 пати, според анализата на податоци собрани по пример на луѓето од 36 различни земји ширум светот, јавува Дејли мејл.
Експертите веруваат дека тоа е потиканто од страна на младата генерација, која далеку повеќе практикува навики за опвивање во однос на постарите групи.
Професор Адам Винсток, основа на Глобалната анкета за дроги, изјавил дека многумина кои пијат, го прават тоа на штетен начин. Поточно, не е проблем во пиењето, туку во претерувањето со пиењето, пишува Дејли мејл.
– Се додека културата не се промени, а ние не станеме „повеќе европски“ и поумерени во пиењето, ќе мора да смислиме некое решение и да размислуваме за тоа како да ги советуваме луѓето да се опиваат помалку, рекол Винсток.
Британија ја следат САД, Канада и Австралија.
Државите од Балканот се сместени во иста група, па сите го делат 17 место. Имено, просекот за опивање кај 26 различни земји е 33, а ние имаме 31, што не става во некаква „златна средина“.
Топ 15 најпијани нации во светот се: Велика Британија, САД, Канада, Австралија, Данска, Индија, Ирска, Мексико, Чешка, Финска, Белгија, Нов Зеланд, Франција, Шпанија, Шведска, Словачка, па потоа доаѓа Балканот.
Останатите земји од листата се Италија, Австрија, Норвешка, Холандија, Швајцарија, Бразил, Унгарија, Аргентина, Колумбија, Германија, Португалија и Чиле.