Колевка на руската морнарица: Остров на кој се изведувани важни медицински експерименти (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Крунски град или Кронштат градот е воено пристаниште на островот Котлин во источниот дел на Финскиот залив, 48 километри западно од градското јадро на Санкт Петербург. Неговото име има германско потекло, а тоа е синтагма од крона = круна+стадт=град, крунски град.

Loading...

Основач Петар Велики

Кронштат бил основан од Петар Велики откако го освоил островот кој дотогаш се викал Кронслот од Шважаните во 1703 година и подигнал тврдина која требала да го штити пристапот до Санкт Петербург. Се додека не бил ископан канал до Санкт Петербург меѓу 1875 и 1885 година, Кронштат бил и пристаниште за трговската морнарица во кое се претоварал терет од помали на поголеми бродови.

Кронштат особено се истакнал во текот на опсадата на Ленинград (1941 – 1944). Морнарите и војниците на Кронштат играле главни улоги во неколку руски револуционерни движења. По Февруарската револуција од 1917 година, советот на Кронштат се побунил против привремената влада и подигнал Кронштатска Република, а потоа учествувале во јулскиот бунт во 1917 година.

Во време на Октомвриската ревполуција од 1917 година од крстосувачот Аурора бомбардиран бил Зимскиот дворец во Санкт Петербург, што се смета за еден од клучните настани со кој Болшевиците дошле на власт. Во март 1921 година, тамошните морнари погинале Кронштатско востание, насочено против советската власт. Кронштат е родно место на Петар Капица, еден од добитниците на Нобеловата награда за физика во 1978 година.

фото: пиксабеј

Островот се формирал среде ништо

Loading...

Темелите на вештачкиот остров биле поставени во зима. Русите дрвеи куќички поставиле на мразот кој го прекривал заливот, а потоа ги наполниле со тешки камења за да потонат на дното. Темелите на вештачкиот остров послужиле за изградба на првата градба.

Тврдината на царот Алексадар Први, како и самиот остров кој се формирале средени што биле вистинско изненадување за шведските морепловци. Поголемиот дел од населението биле морнари и војници кои често се простувале од својот дом за да запловат во се уште неоткриените води на возбудливите експедиции.

Во време на советската криза кога продавниците во големи градови биле празни, полиците во Кронштат нуделе се што на жителите им било потребно. Но, од него било тешко да се замине, како и да се пристигне. Тука се развивале и тестирале нови оружја се обавувале воени и медицински експерименти. Бројни експерти биле доведени против сопствена волја, а некои од нив се обиделе и да избегаат.

фото: пиксабеј

Вакцина против чума

Тоа не им тргнувало од рака поради чуварите кои ги држеле на око или нишан и поради водената, однсоно ледена изолација.

Денес Котлин е поврзан со копнен сообраќај, како и тунел под Финскиот залив, но претходно на островот можело да му се пристапи исклучиво по морски пат.

Loading...

Научниците во Кронштат успеале да направат вакцина против чума и да спасат илјадници животи.

Експериментит се правеле на животни, кои таму и ги спалувале. Бројни истражувања биле направени во целосна тајност, како на пример, радијации на кои биле изложени животни, за кои сведочеле и тогашните житеи на Котлин.

Leave a Reply