Автомобил со кумановски таблички удрил во наплатна рампа

Сподели со своите пријатели

На автопатот Градско-Велес, на наплатната рампа „Стоби“, утринава околу 03:05 часот патничко возило „Мазда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од за сега непознато лице, удрило во сензорска рампа на втората наплатна кабина, ја оштетило и го напуштило местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што додаваат од таму, извршен бил увид од екипа од СВР Велес и се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply