Во Австралија пронајдена змија со три очи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Деформирана змија со три очи откриена е во австралиската дивина, близу Дарвин.

Loading...

Од Службата за диви животни „Parks and Wildlife“ ова откритие го сметаат за многу необично.

Експертите заклучуваат дека третото око на змијата, сместено на врвот на главата, е природна мутација.

Младиот питон наречен „Монти“ бил долг околу 40 сантиметри и стар околу три месеци кога бил пронајден, според изјавата на ренџерот Раи Чато, кој разговарал со локалните новинари за NT News.

– Интересно е што змијата со деформитет успеала толку долго да преживее во дивината, бидејќи живеела околу три месеци, рекол Чато.

Рендгенските снимки покажале дека дополнителното око кај змијата било функционално како и останатите две.

Експертот за змии Брајан Фрај објаснува дека ваквите мутации се составен дел од еволуцијата.

– Секое бебе минува низ некој вид мутација, само тшо тука станува збор за деформитет. Никогаш не сум видел змија со три очи, но во нашата лабораторија имаме кобра со две глави. Тоа е мутација каква ја гледаме кај сијамските близнаци, рекол скертот Фрај.

Loading...

Тој додава дека третото око кај пронајдениот питон би можело да биде дел од неговиот брат близнак, кој не успеал да се развие.

Leave a Reply