Блерим Река победи во Липково

Сподели со своите пријатели

Кандидатот на Алијансата за Албанците и БЕСА победи во првиот круг од претседателските избори во Липково, откако ДИК ги преброја сите гласови за оваа општина.

Loading...

Тој освои 2.905 гласови, а Стево Пендаровски од СДСМ 1.660. Давкова освои само девет гласови. Во проценти, Давкова има 0,19% отсто, Пендаровски 35,35, а Река 61,86 отсто од гласовите.

Излезноста е 18,52 отсто, односно гласале вкупно 4.574 гласачи, и оваа е една од општините со најмала излезност на денешното изјаснување.

Бројот на неважечки ливчиња изнесува 122.

Leave a Reply