Сакате слободното време да го минете квалитетно во својата кујна, а не знаете што квалитетно да зготвите?
Ние ви носиме рецепт за сочно пилешко, збогатено со егзотичен вкус на лимета.
Состојки:
- 4 филеа пилешки гради
- Прстофат сол и бибер
- Лажица маслиново масло
- Коцка за пилешка супа
- Сок од една лимета
- ½ исечкан кромид
- Лажица исечкан першун
- ½ лажица црвен пипер
- 3 лажици павлака за готвење
Подготовка
Рерната затоплете ја на 190 степени. Секое филе зачинете го со сол и бибер. Затоплете масло во тава и секое филе печете го од 6 до 7 мунити од двете страни. Потоа одложете во чинија.
Во тавата додајде коцка за пилешка супа, сок од лимета, кромид, першин и црвен пипер. Измешајте, оставете додека зобрие и потоа да се крчка уште едно 10 минути. Додадете павлка за готвење и оставете да се вари уште 2-3 минути. Потоа вратете ги полешкото во овој сос и оставете да се крчка уште 10ина минути.
Сервирајте и уживајте со вкусен оброк со чаша бело вино.