Полицијата на Викторија, Мелбурн нуди 350.000 долари награда, што е околу 265.000 евра, за да се помогне во решавање на случај за силувано и киднапирано 18-годишно девојче од пред 34 години.
Тинејџерката продавала цвеќе на 22 ноември 1985 одина кога и се доближил маж кој ја исплашил и вовлеков во автомобил во кој имало уште еден човек.
Полицијата решила да напраив реконструкција на овој злочин за да потикне сеќавање за потенцијални сведоци. Девојчето било врзано, а устата и биле залепени, а имала и превез преку очите. Таа тогаш била уфрлена на Јара Булеар во Ричмон околу еде час по полноќ.
Жрвата го преживеала нападот, но починала од болест во 2008 година.
Детективите веруваат дека во нападот биле вклучени тројца мажи.
– Иако овој злочин е направен пред 30 години, за сите нас е важно виновниците да бидат приведени пред правдата, рекол еден од детективите.
И не е единствениот кој мисли така.
– Апсолутно верувам дека од вистинска информација случајот може да биде решен, рекол другиот.
Тие информираат дека нападот бил многу брутален и дека имало значителено влијание на животот на девојката која тогаш одела на училиште.
– Мислам дека беше силна девојка, затоа што успеа да го продолжи својот живот по нападот. Полицијата сега бара било кого кој бил сведок на инцидентот некој што може да расветли барем некој дел од овој случај, вели детективот.