Животот не бира: Ова се најнеобичните места на породувања

Сподели со своите пријатели

Од пекара до музеј, од суд до дрво, ова се седумте најнеобични места во светот на кои жените, до сега, се породиле.

Loading...

1. За време на интерконтинентален лет

Една жена се породила во воздух во авион на Туркиш елјанс, непосредно по полетувањето од Гвинеја. Екипажот на авионот пружил помош и посакал добредојде на новото бебе, кое го добило името Кадиџу.

2. Во пошта

Во овој случај, изразот „посебна испорака“ добил целосно ново значење. Бебето е родено во една пошта во англиската грофовија Кембриџшир и го добило името ДУлсе. Кога ја измериле, работниците во поштата пресметале дека е тешка како пакет упатен со авионска пошта по цена од 8,22 фунти.

3. На дрво

Софија Педро во 2000 година била принудена да избега на дрво, поради силните поплави кои го зафатиле Мозамбик. Кога успеала да се „смести“ при врвот на стеблото, се породила. Имала среќа што набергу ја забележал хеликоптер на јужноафриканската спасувачка мисија.

4. Во суд

Loading...

Жена во поодмината бременост родила девојче при сведочење во една постапка во Кралскиот суд ви Бирмингем.

5. На изложба

Уметничката Марни Котак ја довела својата уметност до крајна екстрема и станала главна медиумска сензација кога се породила во една галерија во Њујорк на сопствената изложба. Снимката од породувањето подоцна била прикажана на нејзината следна изложба. Уметничката така своето новороденче го направила дело на својот уметнички перформанс.

6. Во бутик

Една жена се породила на излез од продавница за облека во Бирмингем. Минувачите остаивле и пари за новата мајка, пред да биде префрлена во болница. Бебето добило од 300 до 400 фунти.

7. Во Дизниленд

Тереза Салседо на 4 јули 1979 година станала првата личност родена во Дизниленд во Калифорнија. Родена е на клупа пред хотелот „Плаза ин“.

Leave a Reply