Египетски саркофаг стар 2.500 години отворен во телевизиски пренос (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Саркофаг на египетскито свештеник стар повеќе од 2.500 години отворен е за време на емисија во живо прикажана на американската телевизија „Дискавери“.

Loading...

Египетскиот археолог Захи Хавас и неговата екипасо вештачко осветлување во присуство на камери отвориле три саркофази кои биле пренесени на површината на гробицата.

Истражувачите застанале кај третиот саркофат, многу поголем од останатите, во кој биле посмрни остатоци на свештеникот на египетскиот бог Теута или Тота.

– Тој човек бил како крал, рекол хавас и додал дека мумијата многу подобро е сочувана, со недопрени и поквалитетни ленти за балсамирање на телото за разлика од мумите во останатите два саркофази.

Богот Теут често бил претставувал со глава на птицата ибис, која тогаш била симбол на мудроста и магијата.

Водителот на на емисијата Џон Гејтс рекол дека вистинската моќ во стариот Египет ја имал свештеникот и дека тоа се гледа и според претходно пронајдените и сочувани мумии.

Гробницата се наоѓа во градот Минју, крај реката Нил, јужно од Каиро.

Leave a Reply