Две лица со лажни документи приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин Табановце, вчеравечер при пасошка контрола, во два одвоени случаи биле откриени лажни исправи кај две лица, при што истите биле приведени.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при пасошка контрола, било констатирано дека во патната исправа на лицето Б.Ф.(47) од Републиак Албанија биле отстранети делови од страници и на истите места биле додавани-прелепувани делови од страници од друга патна исправа.

Во вториот случај, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Д.Б.(31) во Скопје се послужил со туѓа патна исправа. Тој бил приведен и во разговор за себе дал податоци дека е У.Р.(21) од Косово.

Лицата било предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply