Сцена која наликува на антитерористичка рација се одигра во градот Чендлер во Аризона, но причината за упадот на специјалците била сосема од друга природа – болно дете кое родителите не сакале да го одведат на лекар.
Двегодишното момче не било вакцинирано, а неговата мајка ги игнорирала молбите на лекарот да го однесе во болница. Како што се покажало подоцна, била исплашена дека би можела да упадне во неволја затоа што не го вакцинирала детето.
Кога од болницата испратиле екипа да го посети детето, таткото одбил да ги пушти во домот, со образложение дека треската му минала и дека момчето сега е добро. Имајќи предвид дека детето претходно имало температура од 40,5 степени и дека поради сомнежите дека има менингитис барале од родителите итно да го однесат во болница, лекарите се посомневале во искреноста на зборовите на родителот.
Тогаш се обратиле во полиција, која по неколку предупредувања провалила во куќата. Таму пронашле уште две деца од шест и четири години, кои исто така биле болни.
Децата биле однесени во болница, каде им биле утврдени респираторни вируси. Веднаш потоа социјалната служба им ги одзела на родителите.
Целиот случај предизвика бура реакции во САД, каде републиканскиот конкрес го критикуваше постапувањето на полицијата, споредувајќи го со нацистички Гестапо.