Аукциска куќа од Париз продава револвер со кој можеби си ги одзел животот познатиот холандски сликар Винсент Ван Гог.
Loading...
Револвер со калибар 9мм, кој некои го опишуваат како најпознатото оружје во светот, на 19 јуни ќе биде предмет на аукциска продажба, пренесува АП.
Оружјето е пронајдено во шеесеттите години во полињата на селото Овер сур Уаз каде се верува дека познатиот сликар извршил самоубиство.
Како што се наведува, распространето е мислењето дека Ван Гог си пукал во градите во 1890 година, иако одредени автори на книгите за историјата на уметноста сметаат дека сликарот всушност е убиен.
Револверот кој ќе биде предмет на аукција бил изложен како експонат во музејот на Ван Гог во Амстердам.