Димитриевски одржа итен состанок за случајот со убиените кучиња

Сподели со своите пријатели

По вчерашниот случај со угинати кучиња, оставени на локација на ул.„120„ во населба Карпош, денеска Градоначалникот Максим Димитриевски одржа состанок со дел од невладини организации за заштита на животни, претставници од Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков„ и  претставници од инспекциски  служби во општина Куманово.

Loading...

– На состанокот се разговараше за активности превземени од страна на инспекциските служби од  општината, кои по телефонска пријава од СВР Куманово излегле на лице место и увиделе дека, на наведената локација имало шест угинати кучиња со констатација дека не се оставени во ист период , односно не се во иста фаза на распаѓање. За случајот  известена е и Агенција за храна и ветеринарство, која ќе ги превземе потребните мерки што се во нејзина надлежност, информираат од Општина Куманово.

Од локалната самоуправа упатуваат осуди за настанот, и најавуваат дека ќе се превземат обврски во наредната година, преку Буџетот да обезбдат средства за изградба на прифатилиште за околу двесте бездомни кучиња.

Инаку вчера во кругот на поранешната касарна во населбата Карпош беа пронајдени вреќи со угинати кучиња, за кои алармираше здружението „Анима Мунди“.

Leave a Reply