Според објавената одлука на Регулаторната комисија за енергетија, од ноќеска на полноќ нафтените деривати ќе се продаваат по нови цени.
Литар ЕУРОСПУЕР 95 ќе се продава за 1,5 денари поскапо и чини 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98 кој поскапе за 1 денар, се точи по цена од 67,5 денари по литар.
Дизелот стана поевтин за половина денар и на бензинските пумпи низ Македонија се продава по цена од 60,5 денари по литар.

