Вкупно 66 крвни единици вчера беа собрани на крводарителската акција која вчера се одржа во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“.
Акцијата беше во организација на Општинската организација на Црвен крст Куманово и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Акцијата, како што информираат од Црвениот крст, е традиционална и се одржува два пати годишно.

