Во СВР Куманово вчеравечер околу 20:10 часот било пријавено дека непознат сторител се обидел да изврши разбојништво во продавница на стариот пат за село Тромеѓа, кумановско.
Според пријавеното, сторителот влегол и се заканил на вработената, по што и физички ја нападнал, но потоа побегнал во непознат правец и не одзел ништо.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот, додаваат од кумановската полиција.
