Сообраќајот на патот Младо Нагоричане – Пелинце денеска ќе биде наизменично затворен за сообраќај, информираат од Автомото Сојузот на Македонија.
Во период од 09:00 до 11:00 и од 13:00 до 15:00 часот денеска ќе има времена забрана за движење на возила по овој пат, а како што информираат од АМСМ, во тој период ќе се поставува нова асфалтна подлога на патот.

