Шаховски турнир денеска се одржа на градскиот плоштад, во кој и мажи и жени се натпреваруваа против првакот на Куманово Жарко Митковски, додека пак членови од училишните сообраќајни единици од училиштето „Толи Зордумис“ го посетија СВР Куманово и одблизу се запознаа со работата на кумановската полиција.

Настаните се во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово, Шаховски клуб Куманово и Општинската организација на Црвен крст.

Заедно со полициските службеници, основците денеска на жените возачи им подарија честитки кои самите ги имаат изработено, а Црвениот крст имаше и показна вежба за пружање прва помош.
– Заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај на учесници во сообраќајот при контрола на документи и возила, со полициските службеници на жените возачи ќе им поделат пригодни подароци, честитки изработени од страна на самите ученици. Воедно активисти на ОО на Црвен крст традиционално како и повеќе пати во текот на годината ќе укажуваат на правилно укажување на прва помош, да упатат порака на поголемо почитување на сообраќајни правила и прописи за да нема последици врз сето тоа, изјави Виолета Богдановска раководител на Отсек за превенција при СВР Куманово.
Шаховската игра беше наменета симболично во проектот „Повлечи потег, заштити го својот имот навреме, улога на жените во создавање на безбедност и заштита на домот, семејството, имотот и пошироката заедница“.
За повеќе фотографии следете го нашиот Инстаграм профил.


