Експертите истакнуваат дека доколку постојано вежбате со шминка на лицето тоа не е добро.
Шминката ја покрива површината на кожата како и порите. Додека вежбате прозиведувате пот и масти кои ги запушуваат вашите при и доведуваат до пораст на бројот на бактериите, а како резултат на тоа се формира идеална подлога за акните.
Ако вежбате на крајот од работниот ден, тогаш на лицето немате само шминка. Имате и микрочестички загадувачи од вашата околина кои се лепат за слојот кожа на лицето. Кога сето тоа ќе го искомбинирате добивате воспалителни процеси и се јавуваат акните.
Поради тоа што не е сеедно во теретана да симнете шминка со било што, треба на ум да го имате следното:
– Избегнувајте гелови кои соржат штетни детергенти и салицилна киселина дури и ако имате акни.
– Користете кремасти формули со природни масла кои ја оставаат кожата сува.
– понесете марамици за отстранување на шминката
– ако вежбате надвор задолжително користете козметика со заштитен фактор.
Важно е по вежбањето да го измиете лицето. Пред да се измиете за да ја отстраните шминката и нечистотијата и за да кожата ви дише, а потоа да се симне потта и бактериите кои се насобрале во теретаната.
Секој од нас лицето го допира во просек по 2.000 пати и затоа можеме да претпоставиме колку само бактерии има на него.