„Кумановската женска група“ шири паника за наводни обиди за киднапирање

Сподели со своите пријатели

Во група на социјалната мрежа Фејсбук, кој го носи името „Кумановска женска група“ од вчера се шират разни дезинформации за обиди за киднапирање деца на подрачјето на Куманово.

И покрај прес конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој децидно истакна дека не постои киднапирање на луѓе поради трговија со органи, сепак хистеријата на одредени луѓе и натаму продолжува.

– Уште еднаш најостро ги демантирам дезинформациите и шпекулациите во кои се злоупотребуваат актуелните случаи на исчезнати лица. Категорично ги отфрлам шпекулациите за наводни киднапери и наводна препродажба на човечки органи. Tоа се лаги и дезинформации. Ниту има случаи на киднапирање ниту пак на лицата што во последните неколку случаи си го одземаа животот им недостигале органи“, рече министерот Оливер Спасовски на прес конференција, пред неколку дена.

И покрај фактот дека одредени кумановки, кои се дел од оваа група, тврдат дека посведочеле или слушнале за наводни обиди за киднапирање, ниту еден случај не е пријавен во СВР Куманово.

Но, надлежните сепак излегоа со низа мерки, кои граѓаните можат да ги преземат доколку забележат исчезнување на некое лице, а тие се:

– Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.

– Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато

– Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови

– Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни

– Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.

– Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни

– Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.

Во продолжение само мал дел од коментарите во „Кумановска женска група“.

Leave a Reply